Годишно собрание на Здружението "Вардар" Ниш

30 Decembar, 2025
Blog Image

Здружението на Македонците Вардар од Ниш одржа редовно годишно собрание, го одбележа роденденот на здружението и организираше предновогодишно дружење, во рамките на кое свечено беше одбележено и добивањето на престижната Награда „11 јануари“, доделена од Градот Ниш.
Претседателот на здружението, Благе Петрушевски, ги претстави активностите реализирани во текот на изминатата година, како и амбициозните планови за 2026 година. Посебен акцент беше ставен на иницијативата за отворање одделение по македонски јазик во едно од училиштата во Нишавскиот округ, што претставува значаен чекор кон унапредување на образовните права на припадниците на македонската национална заедница.
Настанот помина во свечена и пријателска атмосфера, со порака дека заедничката соработка меѓу здруженијата и Македонскиот национален совет останува клучна за понатамошен развој, видливост и институционално зајакнување на македонската заедница во Република Србија.

фото, извор: НСМНМ