НИУ МИИЦ Панчево: Акција „Купете новогодишна елка со бусен, не сечете ги дрвата“

25 Decembar, 2025
Blog Image

И оваа 2025 година, Новинско-издавачката установа Македонски информативен и издавачки центар одлучи да ја реализира акцијата „Купете новогодишна елка со бусен, не сечете ги дрвата“.

„Апелираме до граѓаните да купуваат елки со бусен, бидејќи на тој начин придонесуваат за заштита на животната средина“, соопшти НИУ МИЦ.

„Сите кои ќе ни се обратат на е-поштата niu.miic43@gmail.com со фотографија од својата елка со бусен, како подарок ќе добијат нашите изданија на адреса, а сите фотографии ќе бидат објавени во нашите списанија“, соопшти НИУ МИЦ.