Одржана четврта "Штукијада" во Јабука

23 Decembar, 2025
Blog Image

Во Јабука беше одржана четвртата „Штукијада“ во организација на Здружението "Тамиш од Јабука" и Месната заедница Јабука. Во спортската манифестација учествуваа 25 такмичари од Јабука и околината.
Првото место го освоија Ставревски Ненад и Немања Настасовиќ. Второто место му припадна на Николовски Милe, а третото место го освоија Крстевски Мицко и Петар Илиќ.
Награда доби и најмладиот учесник, Огњен Цветиќ.