Љупка Цветанова специјална гостинка на овогодинешниот фестивал „Жаока“ во Качарево

30 Novembar, 2025
Blog Image

Во Качарево по 13-ти пат по ред беше организиран Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Жаока“. Додека првата вечер беше посветена на најмладите, втората вечер ја одбележаа познати афористичари од регионот. Оваа година, специјална гостинка од Северна Македонија беше познатата сатиричарка Љупка Цветанова.