Во Домот на културата во Јабука беше организирана празнична работилница и забава за најмладите. Децата уживаа во празничното украсување на елката, музиката и дружењето со другарчињата. Настанот беше организиран од Месната заедница Јабука во соработка со Домот на културата „Кочо Рацин“ и Основното училиште „Гоце Делчев“.