Креативна детска работилница во Гудурица

27 Novembar, 2025
Blog Image

Во Основното училиште „Моша Пијаде“ во Гудурица се одржа уште една креативна работилница за учениците кои го изучуваат Македонскиот јазик со елементи на национална култура. Работилницата ја реализираше поетесата и новинарка Искра Пенева, која со децата истражуваше како зборовите стануваат приказна, песна, интервју или репортажа.

Децата создаваа оригинални плакати за работилниците, на кои со своја имагинација и многу боја ги претставија темите „музичка“, „ликовна“ и „новинарско–литературна“ работилница. Со радост, симболи, цртежи и пораки тие покажаа дека јазикот не е само предмет – туку простор за дружба, креативност и култура.

Активноста е дел од програмата за промовирање на македонскиот јазик и националната култура во училиштата во Србија која ја спроведува Националниот совет на македонското национално малцинство. 

фото, извор: НСМНМ