фото: ОУ "Моше Пијаде" Гудурица
Национален совет на македонското национално малцинство одржа инспиративна ликовна работилница со децата што го изучуваат македонскиот јазик со елементи на националната култура во ОУ "Моше Пијаде" во Гудурица, Вршац.
Под водство на ликовната уметничка, Маја Соле Насковска, децата низ боите и креативноста ги изразија своите чувства и љубов кон македонскиот јазик и традиција.
На настанот присуствуваа и претставници на Македонскиот национален совет, наставничката Охридија Димитросвска, како и претставничката од Фондацијата Македонски училишен центар, Искра Пенева.