Лесковац: Свечена академија по повод 10 години од воведувањето на македонски јазик во училиштата во Србија

12 Decembar, 2025
Blog Image

По повод Денот на Македонскиот национален совет, во сабота, 13 декември, со почеток во 13 часот ќе се одржи Свечена академија во Лесковачкиот културен центар.

Настанот е посветен на одбележувањето на 10 години од воведувањето на изборниот предмет „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во училиштата, како важен чекор во зачувувањето на јазикот, културата и идентитетот на македонската заедница во Република Србија.

фото, извор: НСМНМ