Во рамките на соработката меѓу Здружението „Македониум“ и Здружението на книжевниците на Србија, одржана е свечена академија посветена на двата најзначајни датуми во македонската историја – 11 и 23 октомври, симболи на борбата за слобода, културен идентитет и национално обединување.
Пред присутните говореше проф. д-р Славчо Ковилоски, книжевен историчар, поет и прозаист, автор на бројни дела и монографии за македонската книжевност, култура и револуционерно наследство.
Во програмата настапи ансамблот „Македониум“
фото, извор: НСМНМ