Во Основното училиште „Доситеј Обрадовиќ“ во Пландиште се одржа уште една креативна литературна работилница за учениците кои го изучуваат предметот македонски јазик со елементи на национална култура. Работилницата ја водеше поетесата Искра Пенева, која преку игри со зборови, читање и творење им ја приближи магијата на книжевноста на најмладите.
Учениците изработуваа и плакати посветени на работилниците што ги организираат Македонскиот совет и Фондацијата во текот на годинава. – поттикнувајќи ја креативноста, тимската работа и визуелното претставување на нивните идеи и впечатливи поуки.
фото, извор: НСМНМ