Во Јабука се одржа 22. Детски театарски фестивал, во организација на Домот на култура „Кочо Рацин“.
Во рамките на богатата програма на традиционалната манифестација, најмладата публика имаше можност да ги проследи настапите на локалните драмски секции „Мали принц“ и „Глумионица“, како и на гости од Зрењанин и Белград.
Настанот беше поддржан од Покраинскиот секретаријат за култура, јавно информирање и односи со верските заедници и Градот Панчево.
фото, извор: facebook: Dom kulture Koco Racin