Здружението "Вардар" ги поканува децата на шаховски работилници во Качарево

11 Decembar, 2025
Blog Image

Здружението на Македонците „Вардар“ од Качарево ги поканува сите заинтересирани деца да учествуваат во бесплатни шаховски работилници.

Часовите по шах се одржуваат секоја среда во 17 часот во просториите на здружението, а ги води претседателот на Шаховскиот клуб „Аљехин“, Предраг Томин.