Во македонскиот КИЦ во Белград се одржа предавање за историјата на македонската рок музика од нејзините почетоци до денес.
Домаќин на настанот, поддржан од Министерството за култура и туризам, беше македонскиот КИЦ Белград, а за македонската рок култура зборуваше Тошо Филиповски.
Посетителите на КИЦ Белград до крајот на месец октомври ќе можат да разгледат и изложбата на оваа тема, со бројните постери, плакати и фотографии.
фото, извор: КИЦ Белград