Македонскиот национален совет ја одбележа 21-годишнината од своето основање во Архивот на Војводина, настан организиран во соработка со Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“.
На свеченоста се обратија потпретседателот на Покраинската влада Томислав Жигманов, помошник-министерот за информисање и телекомуникации Драган Трапариќ, претседателката на Советот Зорица Митровиќ и директорот на НИУ МИИЦ Озрен Симјановски.
Говорниците ја истакнаа значајната улога на Советот во зачувувањето на македонскиот јазик, култура и идентитет, како и важноста од континуираната институционална поддршка.
Свеченоста беше збогатена со промоцијата на книгата „Патот до пеколот“ од Боривоје Живаљевиќ и отворање на тематска изложба "20 години на Националниот совет" во организација на МИИЦ.
фото, извор: НСМНМ