foto: Printscreen: Vardar Kacarevo FB
Здружението на Македонците „Вардар“ од Качарево, како и секоја година, го одбележа 8 Септември, Денот на независноста на Северна Македонија, со собирање во просториите на друштвото.
Прославата помина во одлично расположение, со богата трпеза, песна и игра.
Настанот уште еднаш ја потврди посветеноста на здружението кон зачувувањето на националниот идентитет, традицијата и заедништвото.