И оваа 2025 година, НИУ Македонски информативен и издавачки центар го одбележува Меѓународниот ден на човековите права со посебна акција.
По повод одбележувањето на овој значаен датум, НИУ МИИЦ ги повикува сите заинтересирани до 31.12.2025 година да го достават текстот на темата „Човекови права“, до 1.000 зборови, на е-поштата: niu.miic43@gmail.com.
За сите учесници се обезбедени награди – книги и списанија, додека избраните трудови ќе бидат објавени во месечникот „Македонска Виделина“.