Празничен концерт по повод Денот на независноста во КИЦ Белград

06 Septembar, 2025
Blog Image

Во македонскиот КИЦ во Белград по повод 8 септември, Денот на независноста, ќе се одржи свечен празничен концерт и ликовна изложба.

На 8 септември во 19 часот ќе настапи Скопскиот дувачки квинтет со дела од Хајдн, Бизе, Фаркаш, како и македонски композиции и обработки од Прокопиев, Агостини, Смокварски...

На 10 септември во 19 часот ќе биде отворена изложба "Простори на конјукција", во соработка со Националната галерија на Македонија. 

фото, извор: КИЦ, Белград