Првиот викенд во септември во Долово традиционално е резервиран за популарната манифестација „Штрудлијада“ во организација на Здружението на жени „Долово“.
Меѓу бројните излагачи и оваа година беа членoви на Македонското здружение Илинден од Јабука.
Вредните жени од Јабука истакнаа дека секоја година учествуваат на оваа традиционална манифестација. И овој пат се претставија како одлични домакинки, со вкусни јадења од Македонија, но и од Банат.
За време на оваа посета на Долово, добивме и вести што ќе ги воодушеват бројните банатски гурмани - овој месец во Јабука можеме да го очекуваме вториот Мазник Фест во организација на здружението од Јабука.