Амбасада на Република Македонија организираше свечен прием по повод Денот на независноста

09 Septembar, 2025
Blog Image

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, Амбасадата на Република Македонија во Република Србија на 3-ти септември организираше свечен прием во „Палатата на уметности – Мадлена“.

На приемот присуствуваа бројни гости од политичкиот, дипломатскиот, бизнис и културен живот на Србија, меѓу кои пратеници од Народното собрание на Република Србија, претставници на Владата на Србија, како и претставници на дипломатскиот кор, деловната заедница, јавниот живот и претставници на македонската заедница во Србија.

Свеченоста беше дополнета со богата уметничка и музичка програма, која ѝ даде посебен белег на вечерта. Присутните уживаа во изведбите на Ана Синицки, како и на Даниел Кајмаковски со неговиот бенд.

фото, извор: макинфо.рс