КУД „Васил Хаџиманов“ на јубилејните „Денови на Вајферт“ во Панчево

10 Septembar, 2025
Blog Image

Како и секоја година, членовите на КУД „Васил Хаџиманов“, деца и ветерани, учествуваа на отворањето на манифестацијата „Денови на Вајферт“.

 Публиката уживаше во одличниот избор на кореографии од Србија и Македонија, а сите беа воодушевени од новите народни носии со кои ова друштво се гордее.

 Годинашната манифестација „Денови на Вајферт“ во Панчево е јубилејна – десетта по ред.