Во Јабука одржан хуманитарен концерт

08 Decembar, 2025
Blog Image

Во спортската сала во Јабука, во сабота се одржа хуманитарен концерт во организација на КУД „Васил Хаџиманов“ и ЗГМНЗ „Илинден“ – Јабука. Настанот собра голем број љубители на фолклорот, традицијата и хуманоста, кои со своето присуство ја поддржаа заедницата и благородната цел - изградба на православниот храм Свети Илија во Јабука.

 На концертот учество зедоа повеќе културно-уметнички друштва и групи од Јабука, Глогоњ, Котеж во Белград, Панчево и Омољица, кои со својата богата програма внесоа радост, енергија и силен дух на солидарност.

фото, извор: НСМНМ