Успешен хуманитарен концерт „За нашиот храм“ во Јабукa

08 Decembar, 2025
Blog Image

Организаторите на хуманитарниот концерт во Јабука, Здружението на Македонците "Илинден“ и КУД "Васил Хаџиманов“, упатија благодарност до сите учесници и посетители на концертот "За нашиот храм" - "За наш храм". Според нивните зборови, благодарение на многу донации, за црквата во Јабука беа собрани 117 800 динари. 

Потсетуваме дека на хуманитарниот концерт во Јабука настапија КУД "Абрашевиќ“ од Панчево, КУД "Колан“ од Белград, Фолклорната секција при Домот на културата "Младост“ од Глогоњ и членовите на семејството Митиќ од Омољица.

фото, извор: КУД "Васил Хаџиманов" Јабука