КУД „Васил Хаџиманов“ Јабука: Повик за нови членови

11 Septembar, 2025
Blog Image

Културно-уметничкото друштво „Васил Хаџиманов“ од Јабука ги поканува сите љубители на фолклорот да станат нови членови на секциите на ова друштво.

Во друштвото во моментов се активни две детски секции – постара и помлада, како и секција на ветерани и рекреативци.

 Заинтересираните можат да дојдат да се запишат во Домот на културата „Кочо Рацин“ Јабука секој понеделник и четврток од 20 часот.