Во Белград започна манифестацијата "Денови на македонската литература за деца"

24 Oktobar, 2025
Blog Image

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград, пред многубројни гости, меѓу кои и најмлади претставници на македонската заедница од селото Јабука, започна манифестацијата "Денови на македонската литература за деца 2025". Во рамките на програмата беа претставени нови книги и сликовници за деца, а беше врачена и наградата "Литературни пишувалки-прашувалки" која годинава за сликовницата "Пчеличката Баз" ја доби авторката Билјана Лотеска. 

Манифестацијата продолжува со посета на детска градинка, каде што на дечињата ќе им бидат подарени сликовници на македонски јазик, како и ракотворби со македонски обележја.