Домот на култура „Кочо Рацин“ Јабука ги поканува најмладите, но и сите заинтересирани, на 22. Детски театарски фестивал во Јабука. Традиционалната манифестација ќе трае два дена, на 25 и 26 октомври, а пред публиката ке се претстават малите актери од Јабука ("Глумионица“ и "Мали принц“), како и гости од Зрењанин и Белград.
Настанот е поддржан од Покраинскиот секретаријат за култура, јавно информирање и односи со верските заедници и од Градот Панчево.
Влезот е бесплатен.

фото, извор: Facebook Koco Racin