foto: Pixabay
Македонците ширум светот денеска одбележуваат 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за државен празник и неработен ден во Република Северна Македонија.
Празникот се празнува од 2007 година по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун и симболизира континуитет на македонската борба за независност. Во чест на Денот на Македонската револуционерна борба низ цела Македонија се случуваат бројни манифестации.
Поради важноста на овој датум, Владата на Република Македонија во чест на празникот востанови доделување на наградата „23 Октомври“.