На 17-ти септември во малата сала на Нишкиот културен центар завршија овогодишните денови на македонската култура, со филмска проекција на филмот “МИС СТОН„ кој во некогашната Југославија беше првиот филм снимен во боја и синемаскоп.
Филмот ја обработува темата кога во 1901. година македонските револуционери на чело со Јане Сандански, на Пирин планина, ја киднапираат американската мисионерка Мис Стон за која се бара откуп, кој после три четири
месеци е платен, а за тие 25000 илјади турски златни лири е купено оружје за потребите на востаниците.
фото, извор: макинфо.рс