Мазник фест во Јабука на 21 септември

19 Septembar, 2025
Blog Image

Селото Јабука овој викенд, како и многу пати досега, ќе стане вистински рај за гурманите. По успешната „премиера“, Здружението на Македонци „Илинден“ од Јабука овој септември по втор пат го организира „Мазник фест“ – гастрономска манифестација посветена на македонскиот специјалитет познат како „мазник“. 

Членките на здружението „Илинден“ веќе се мајстори во изработката на мазник, а ќе им се придружат и жени од целиот Јужен Банат.

Почетокот на манифестацијата е во недела, 21 септември, во 10 часот во просториите на здружението „Илинден“ во Јабука.

Настанот се реализира со поддршка на Националниот совет на македонското национално малцинство.