Во организација на Здружението "Илинден" од Јабука во ова место по втори пат се одржа традиционалната манифестација "Мазник фест". Гастрономскиот фестивал и оваа година собра голем број учесници и посетители, љубитељи на македонската култура, традиција и гастрономија.
На фестивалот беа презентирани разновидни видови на традиционален македонски мазник, а присутните имаа можност да уживаат и во културно-уметничка програма.
Манифестацијата се реализираше под покровителство на Македонскиот национален совет во Србија, со цел зачувување и промоција на македонската култура и обичаи.