И овој 26 септември, Новинско-издавачката установа Македонски информативен и издавачки центар, со седиште во Панчево, ќе го одбележи Европскиот ден на јазиците.
Во периодот од 25 до 28 септември, Новинско-издавачката установа Македонски информативен и издавачки центар, заедно со своите активисти, секојдневно ќе врши промоција на тројазична брошура на три локации: во центарот на градот Панчево, во Нови Сад, како и на Земунскиот кеј.
Во рамки на своите активности, како и по повод одбележувањето на овој значаен датум, Новинско-издавачката установа Македонски информативен и издавачки центар и понатаму ќе подарува книги и свои изданија. Ги повикуваме граѓаните да ни се обратат на нашата е-пошта: niu.miic43@gmail.com, со текст на тема „Европски ден на јазиците“, а секој што ќе се обрати ќе добие бесплатно некое од нашите изданија.
„Ова ќе биде наш мал придонес да го одбележиме и да ги потсетиме граѓаните на 26 септември – Европскиот ден на јазиците“, се наведува во соопштението на НИУ МИИЦ.