Конкурсот „Мала Жаока“ до 7 ноември

15 Oktobar, 2025
Blog Image

Домот на културата „Братство – единство“ Качарево објавува Конкурс за учество на Фестивалот на хумор и сатира „Мала Жаока 2025“.

Услови на конкурсот:

Право на учество имаат сите ученици од основни училишта, а темата на тринаесеттиот по ред фестивал е:

„Мислам, цртам, пишувам – подобро, поубаво, повеќе!“ ("Мислим, цртам, пишем - боље, лепше, више!")

Учениците можат да учествуваат во две категории:

Карикатура и илустрација (ликовен конкурс)
Афоризам и кратка песна (литерарен конкурс)
Испраќање на трудовите:
Трудовите треба да се испратат најдоцна до петок, 7 ноември 2025 година, на адреса:
Дом културе Братство Јединство
Маршала Тита 37, 26212 Качарево

Литерарните трудови можат да се испратат и електронски на е-пошта:
domkulture.kacarevo@gmail.com