ФОТО: КУД Васил Хаџиманов
Во Опово се одржа манифестацијата „Михољски сусрети села“.
Во рамките на богатата програма на традиционалната манифестација, можност да се претстават имаа најмладите членови, како и ветераните на КУД „Васил Хаџиманов“. Публиката имаше можност да ужива во богат избор на традиционални ора, а најголемо внимание привлекоа ората од Македонија и раскошните македонски носии.