Здружението „Вардар“ од Качарево го одбележа 11 Октомври – Денот на востанието

12 Oktobar, 2025
Blog Image

Членовите на здружението „Вардар“ од Качарево и оваа година го одбележаа 11 Октомври, Денот на востанието на народот на Северна Македонија. Овој значаен празник беше одбележан со собирање на членовите во просториите на здружението. Се уживаше во послужувањето, подготвено од вредните раце на членките на „Вардар“, а прославата не можеше да помине без музика.

Како и секогаш, дружењето помина во духот на заедништвото, почитувањето на традицијата и негувањето на македонската култура. 

фото, извор: "Вардар" Качарево