Аудио-визуелна изложба "Историја на македонската рок музика" во КИЦ Белград

10 Jul, 2025
Blog Image

Со аудио-визуелна презентација водена од Тошо Филиповски, со обемен видео и фото-материјал, белградската публика на 7 октомври од 19 часот, ќе има можност да присуствува на програма посветена на историјата на македонската рок-музика и рок-култура. 

Вечерта посветена на македонската рок-музика е поддржана од Министерството за култура и туризам, а настанот ќе го отвори директорт на КИЦ во Белград, Васко Шутаров.

Изложбата на постери и плакати, што е дел од овој музички настан, посетителите на КИЦ Белград ќе може да ја разгледаат до крајот на октомври. 

фото, извор: КИЦ Белград