Во Пландиште се одржа традиционалната манифестација „Вечер на меѓунационална толеранција“, во организација на Здружението на граѓани „Македонски бисери“, во соработка со повеќе здруженија од општината. Настанот, кој ја слави мултикултурноста, традицијата и заедништвото, оваа година се реализираше под мотото „Сите заедно“.
Присутните уживаа во богатата културно-уметничка програма составена од настапи на културно-уметнички друштва, рецитатори, поети и уметнички ансамбли кои ја претставија разноликоста на заедниците во општината Пландиште.
Посебен впечаток остави хорот на учениците од ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ во Пландиште, кои со изведбата на македонски песни ја воодушевија публиката и беа вистинските ѕвезди на вечерта.
фото, извор: НСМНМ