Здружението на Македонците „Вардар“ од Ниш веќе шеста година по ред организира уникатна и весела манифестација – Квиз за македонска култура, наменет за ученици од прво до осмо одделение: "Запознајте ја татковината на своите родители и предци за да ја сакаш повеке". Целта е едноставна, но благородна: преку игра, дружење и натпреварувачки дух, најмладите да откриваат делови од историјата, географијата, јазикот и културата на македонскиот народ, да ја запознаат Македонија и да научат по некоја македонска збор или реченица.
Овогодишното издание собра четири училишта од Србија.
На настанот присуствуваа претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, секретарот Марјан Јованоски, претседателката на Фондацијата Македонски училишен центар, Ивана Цветковиќ, како и претставниците на Фудбалската федерација на Македонија, кои на децата им подарија и симболични подароци.
фото, извор: НСМНМ