Во Културно-информативниот центар во Белград беше отворена изложбата "Регенерација" на која се претставија македонските афирмирани сликарки: Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.
фото, извор: КИЦ Белград
Обединувачки мотив на нивните дела е рефлексија врз уметникот во текот на пандемијата со Ковид-19.
Изложбата во КИЦ Белград ќе трае до 9 јули.