Оваа година, Северна Македонија беше земја-партнер на 56-иот Меѓународен саем за туризам во Нови Сад. По овој повод, македонското Министерство за култура и туризам организираше "Македонска вечер".
На настанот присуствуваше и покраинскиот секретар за привреда и туризам, Ненад Иванишевиќ, кој истакна дека партнерството во рамките на оваа манифестација е уште еден доказ за одличната соработка и големото пријателство меѓу Србија и Северна Македонија
Министерот за култура и туризам на Северна Македонија, Зоран Љутков им се заблагодари на домаќините за гостопримството и нагласи дека учеството на Саемот е исклучителна можност да се претстави туристичкиот потенцијал на Северна Македонија.
Во текот на вечерта, гостите уживаа во богатата гастрономска понуда на Северна Македонија, како и во одличната музичка и сценска програма на фолклорниот ансамбл "Танец" од Скопје.