Делегација на Македонскиот национален совет оствари работна средба со државниот секретар др Иван Бошњак, во својство на изасланик на министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог, г. Дема Бериша.
На средбата се разговараше за тековните прашања и предизвици со кои се соочува македонската заедница во Република Србија, со посебен акцент на образованието, информирањето, културата и употребата на македонскиот јазик. Делегацијата го запозна државниот секретар со реализираните активности на Советот, како и со плановите за идниот период, при што беше изразена благодарност за досегашната поддршка од страна на Министерството.
Во рамки на посетата, се разговараше и за можностите за вклучување на македонските здруженија, институции од областа на културата во актуелните и претстојните јавни повици, како и за конкурсот за Буџетскиот фонд за национални малцинства, кој наскоро ќе биде распишан.
фото, извор: макинфо.рс