Во Вршац свечено беше отворена 26 по ред фолклорна манифестација „Вршачки венец“. На годинашната фолклорна свеченост ќе се претстават осум ансамбли од Парагвај, Аргентина, Словачка, Бугарија, Романија и Србија.
evrsac.rs
Фестивалот и оваа година се одржува под покровителство на Град Вршац, а организатор на манифестацијата е Културниот центар Вршац, со коорганизатори Туристичката организација Вршац и Центарот „Милениум“. Манифестацијата свечено ја отвори градоначалничката на Вршац, Драгана Митровиќ.