Во рамките на прославата на Илинден во Јабука, во Домот на културата ,,Кочо Рацин” беше отворен првиот Илинденски шаховски турнир „MakMove“. Турнирот претставуваше круна на повеќемесечните шаховски работилници за учениците од ОУ „Гоце Делчев“ кои го изучуваат предметот Македонски јазик со елементи на национална култура, организирани од Македонскиот национален совет, Здружението „МакИнфо“ и Шаховскиот клуб „Аљехин“ од Панчево.
Сите учесници беа наградени, а најдобрите тројца шахисти добија пехари како признание за нивната игра, фер-плеј и посветеност.
Организаторите најавија дека турнирот ќе стане традиционален и ќе се одржува секоја година по повод празникот Илинден, со цел да се поттикне љубовта кон шахот меѓу младите и да се негува спортскиот дух во заедницата.
фото, извор: макинфо.рс