foto: Peco Risteski FB
Здружението на Македонците во Пчињскиот округ „Гоце Делчев” од Врање и годинава традиционално го одбележа Илинден и го прослави празникот Свети пророк Илија.
Културната манифестација „Илинденски денови 2025“ вклучуваше повеќе активности. Беше организирана крводарителска акција, на која беа собрани 79 крвни единици. Делегација на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, положија цвеќе во манастирот „Свети Прохор Пчински”.
На манифестацијата гостуваше Ансамблот „Зурли и тапани“ кои ја одушеви публиката со македонски песни и ора.
фото, извор: Здружението "Гоце Делчев" Врање