Отслужена литургија на македонски јазик по повод Илинден во Јабука

03 Avgust, 2025
Blog Image

По повод големиот македонски празник Илинден, во Храмот Свети Илија во Јабука беше отслужена Света Литургија и на македонски јазик која ја водеше јеромонахот Дионисиј (Ботев), кој моментално служи во манастирот „Света Петка“ во Беркасово, општина Шид.

Верниците имаа можност да ја чујат и посланицата на неговото блаженство,  поглаварот на македоснката православна црква, архиепископот охридски и македоснки  г.г. Стефан,  која беше прочитана за време на Литургијата.

фото, извор: НСМНМ