Одржана првата Илинденска поетска средба во Јабука

02 Avgust, 2025
Blog Image

Во Домот на култура "Кочо Рацин" во Јабука, по повод Илинден, беше успешно реализирана новата книжевна манифестација – Илинденска поетска средба.

На поетската вечер од ревијален карактер учествуваа дваесетина поети од неколку градови, а настанот беше збогатен со музички настап под водство на професорот Милорад Максимовиќ.

Водител и модератор на вечерта беше Драган Петковиќ.

Специјален гостин-домаќин на вечерта беше поетот, ликовен уметник, драмски писател и режисер од Тетово, Мирко Мики Видоески.

Настанот е организиран од Здружението на Македонците "Илинден" и Домот на култура "Кочо Рацин", а под покровителство на Македонскиот национален совет.

фото, извор: НСМНМ