Илинденска литературно-ликовна работилница во Качарево

02 Avgust, 2025
Blog Image

По повод Илинден, во Качарево се одржа креативна литературно-ликовна работилница, под покровителство на Македонскиот национален совет, а во организација на македонското здружение "Вардар".

Учесниците низ светот на Илинден ги водеа поетесата Искра Пенева и сликарката Елизабета Јорданоска.

Присутните учеа за значењето на Илинденското востание, слушаа македонски песни и создаваа уметнички дела инспирирани од македонската историја и култура.
 

фото, извор: НСМНМ