Традиционалната прослава на Илинден во Јабука оваа година ќе биде навистина спектакуларна.
Организаторите најавуваат богата и разновидна програма: литургија на македонски јазик, етно-фестивал „Гравче на тавче“, на кој ќе учествуваат македонски и етно-здруженија од цела Србија, изложби, шаховски и спортски турнири и голем концерт со гости од Македонија.
Сите се поканети да бидат дел од заедничко чествување на македонската историја, традиција и идентитет, порачуваат организаторите.