Здружението на Македонците „Вардар“ од Качарево ги поканува сите заинтересирани деца да учествуваат на литературно-ликoвна работилница по повод значајниот македонски празник Илинден.
На работилницата децата ќе можат да научат повеќе за Илинденското востание, да уживаат во македонски песни и да создадат свои уметнички дела, најавуваат организаторите.
Работилницата ќе се одржи во петок, 1 август, во 17 часот во просториите на здружението.
извор: "Вардар" Качарево