Во рамките на Меѓународниот саем за туризам, во Конгресниот центар „Мастер“ се одржа „Вечер на шампионите“. Се работи за свеченост на која најистакнатите компании, градови и општини, претставници на туристички организации, хотели, агенции и дестинации од земјата и регионот, добиваат признанија за најдобар квалитет на услуги во туризмот.
На свеченоста присуствуваше и покраинскиот секретар за економија и туризам, д-р Ненад Иванишевиќ, кој говореше за значењето на Меѓународниот саем за туризам во Нови Сад.
Министерот за култура и туризам на Република Северна Македонија, земја партнер на 56. Меѓународен саем за туризам, Зоран Љутков, истакна дека овој саем е уште едно потврдување на определбата на двете соседни и пријателски земји за продлабочување на соработката преку туристичката дипломатија.