По повод Меѓународниот ден на човековите права 10ти декември, во Народниот музеј во Белград се одржа свечена академија во организација на Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог. На настанот присуствуваа претставниците на Македонскиот национален совет, во знак на поддршка на напорите за унапредување на човековите права и меѓуетничкиот дијалог во Србија.
фото, извор: НСМНМ