Годишен концерт на ансамблот „Тоше Проески“ во Здружението „Вардар“

10 Decembar, 2025
Blog Image

Во просториите на Здружението на Македонците „Вардар“ од Качарево се одржа годишен концерт и дружење на пејачката група „Тоше Проески“.

Настанот собра бројни пријатели и соработници на пејачката група и на здружението. Гостите имаа можност да уживаат во најубавите традиционални македонски песни, топлата атмосфера, како и во највкусните специјалитети од македонската и банатската кујна.

Во сценскиот настап учествуваа и деца од драмската дружина „Видоје Дојчиновски Даскалот“ со рецитали и песни. 

фото, извор: Здружението "Вардар" Качарево